Претстојниот велигденски викенд во Македонска Каменица носи одлична забава и квалитетна музика во Extreme Cafe, со две посебни музички вечери за сите љубители на добра атмосфера.

Во петок (10 април), со почеток од 21:30 часот, на сцената ќе настапи Escape Band. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во живо изведби, предвелигденско расположение и опуштена атмосфера. Влезот е слободен, а масите се со претходна резервација.

Веќе во недела (12 април), исто така со почеток од 21:30 часот, настап ќе има Андријана Петрушовска, која ќе донесе вечер исполнета со стил, елеганција и добра музика. Влезот е слободен, а масите се со претходна резервација.
Од Extreme Cafe апелираат навремено да се направат резервации поради ограничениот број на места.
Резервации на број: 071 366 432







