14/06/2026

Значително заладување за Велигден: ветер до 70 км/ч, дожд и слаб снег, наутро и мраз

За време на Велигденските празници, односно во периодот од 9 април 2026 (Велики Четврток) до 11 април (Велика Сабота), територијата на Македонија ќе биде под влијание на значително поладен бран кој ќе се спушта од север и североистокот на Европа.

Времето ќе биде значително поладно и променливо, со повремено засилен до силен ветер од северен правец. На моменти и локално, брзината на ветерот ќе достигнува до околу 60 км/час, а најизразен ќе биде во Повардарието и источните предели од државата.

До крајот на денешниот ден (8 април, среда), во овие региони ветерот повремено ќе достигнува и до 70 км/час.

ritae anemometer 3977718

Во текот на празничните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а повремено ќе има услови за слаби и локални врнежи од дожд. На повисоките места и на планините над 1000 метри надморска височина ќе провејува слаб снег, особено во источните предели.

На ден Велигден (12 април 2026) времето ќе биде претежно сончево, но наутро значително студено, додека во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

За време на празниците и на самиот Велигден, наутро на повеќе места ќе има појава на слаб мраз, што може негативно да влијае врз овошките кои се во фаза на цветање. Утринските температури ќе се движат од -4 до 5 степени.

Максималните дневни температури ќе останат под просекот за април и ќе се движат во интервал од 8 до 15 степени.