14/06/2026

Пролетно сонце денес, од утре нестабилно време, а од четврток силно заладување и снег на планините

ritae anemometer 3977718

Денешниот ден (понеделник, 27 април 2026) носи стабилно и сончево време со пријатни пролетни температури, идеални за престој на отворено.

Но, веќе од утре (вторник, 28 април) па се до среда (29 април), под влијание на продор на значително поладен воздух од север, атмосферата ќе се дестабилизира. Во повеќе делови од Македонија ќе има локален развој на конвективни облаци и грмотевични процеси, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје и околината, исто така, во попладневните часови во вторник и среда ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Веќе од четврток (30 април), под влијание на влажна и значително постудена воздушна маса од север, времето ќе се влоши во поголем дел од земјава. Се очекуваат врнежи од дожд, повремено засилен северен ветер и изразено заладување.

Поради падот на температурите, на планините со надморска височина над 1200 до 1300 метри, врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.

Температурите во вторник и среда ќе останат во пролетен интервал од 19 до 25 степени, додека во Скопје ќе достигнат до 23–25 степени. Во четврток, пак, ќе има значително опаѓање, со температури од 9 до 18 степени, а во Скопје максималната ќе биде околу 14 степени.

Наредните денови носат изразена временска промена, па се препорачува граѓаните да бидат внимателни, особено при појава на грмотевици и засилен ветер.