14/06/2026

Известување за прекини на струја во Македонска Каменица на 27 април

1e5923e7 8da2 4aba 899c bab31db031ca

Од Електродистрибуција ДООЕЛ информираат дека на 27.04.2026 година (понеделник) ќе се вршат технички зафати на 10кВ далековод „Населба“ од ТС 110/35/10 кВ Македонска Каменица.

Поради тоа, ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во два термини: од 09:05 до 09:40 часот и од 13:00 до 13:40 часот.

Без напојување ќе останат: голем дел од град Македонска Каменица, дел од Павлиш Дол, Сепарација Дар Мар и ХЕЦ Каменичка Река.

Од надлежните апелираат граѓаните да ги прилагодат своите активности согласно најавените прекини.