Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје распиша конкурс за запишување на студенти и питомци за потребите на Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, како и за студии од областа на управување со кризи и заштита и спасување за учебната 2026/2027 година.

Според конкурсот, предвидено е запишување на:
- 29 кандидати за студенти/питомци,
- 5 кандидати за студии за управување со кризи и
- 5 кандидати за студии за заштита и спасување.
Право на учество имаат кандидати кои се државјани на Република Северна Македонија, имаат завршено четиригодишно средно образование, не се постари од 21 година и се психофизички способни, што ќе го утврдува военолекарска комисија.
Покрај општите услови, кандидатите треба:
- да немаат изречена забрана за вршење професија, дејност или должност,
- да ги исполнуваат безбедносните критериуми согласно Законот за класифицирани информации,
- успешно да го положат тестот за физичка подготвеност и
- да покажат соодветно познавање по математика и англиски јазик преку приемни испити.
Од Воената академија информираат дека кандидатите кои средното образование го завршиле во државата, делумно во странство или имаат меѓународна матура, ќе се запишуваат под еднакви услови и критериуми.
Повеќе информации за конкурсот, потребната документација и тест-програмата за физичка подготвеност се достапни на официјалната интернет страница на Воената академија.





