По постабилниот и претежно сув петок, за време на викендот (6 и 7 јуни) во Македонија се очекува променливо облачно и топло време со сончеви периоди, но и со услови за локална нестабилност во попладневните часови.

Според најавите, утре (сабота, 6 јуни) ќе има поголема веројатност за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално атмосферските процеси може да бидат поинтензивни и да прераснат во невреме со обилни врнежи, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Во недела времето ќе остане променливо облачно и топло, со сончеви периоди и можност за локален пороен дожд и грмежи во попладневните часови.
Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 степени, додека дневните ќе достигнуваат од 25 до 32 степени.
Во Скопје и околината се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Метеоролозите препорачуваат внимателност при престој на отворено, особено во сабота попладне, кога локално се можни поинтензивни временски непогоди.



