
На подрачјето на Општина Македонска Каменица, во ноќта помеѓу 18 и 19 јуни 2026 година, во периодот од 22:00 до 02:00 часот, ќе се спроведе терестично прскање против комарци.
Според информациите од Општината, третманот ќе биде извршен на површина од 200 хектари и претставува прво прскање предвидено за оваа година во рамки на активностите за контрола на комарците.
Акцијата ќе ја реализира ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани, со употреба на инсектицид наменет за уништување на возрасни комарци.
Од Општина Македонска Каменица апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства за време на третманот и непосредно по неговото завршување.
Доколку временските услови не дозволат реализација на активноста, прскањето ќе биде одложено и ќе се изврши во првиот нареден ден со поволни временски услови.






