13/08/2026

Повеќе од 120 членови на КУД „Вера Јоциќ“ со голем концерт на „Ден на дијаспората 2026“

Македонскиот фолклор, музика и традиција утре ќе бидат во центарот на вниманието на „Ден на дијаспората 2026“ во Македонска Каменица.

КУД „Вера Јоциќ“ ќе настапи со повеќе од 120 свои членови од сите возрасни групи, подготвувајќи голем концерт со програма во времетраење од околу час и половина.

Повеќе од 120 членови на КУД „Вера Јоциќ“ ќе настапат на „Ден на дијаспората 2026“ во Македонска Каменица

На главната улица во Македонска Каменица ќе се претстават најмладите членови, младите и возрасните членови на друштвото, обединети на една сцена преку љубовта кон македонскиот фолклор и традиција.

Богатата програма ќе донесе многу музика, игра и енергија, а публиката ќе има можност да ужива во настапот на едно од друштвата кои со својата работа и бројност ја негуваат и промовираат македонската фолклорна традиција.

Посебна тежина на настапот му дава фактот што на едно место ќе настапат повеќе генерации членови на КУД „Вера Јоциќ“, покажувајќи дека љубовта кон фолклорот продолжува да живее и да се пренесува од најмладите до највозрасните.

Големиот концерт на КУД „Вера Јоциќ“ е дел од програмата на „Ден на дијаспората 2026“, манифестација која во Македонска Каменица ги обединува каменичани, гостите и нашите сограѓани од дијаспората.

Главната улица во Македонска Каменица ве очекува.

Се гледаме на „Ден на дијаспората 2026“!