
Од утрово, 21 јануари 2026 година (среда), од југозапад кон Македонија се прошируваат пообилни врнежи, кои во најголем дел се од снег. Во повеќе делови од земјава е започнато формирање, зголемување и проширување на снежната покривка.
Ваквата временска состојба е резултат на циклонска активност над Медитеранот, како и влијание на влажна воздушна маса која е поврзана со продор на ладен воздух од север и североисток на Европскиот континент.
Низ целата држава преовладуваат минусни утрински температури, со појава на мраз, што може да предизвика лизгави коловози и отежнати услови во сообраќајот. Се препорачува зголемена внимателност, особено во раните утрински часови.



