14/06/2026

Циклон од Џеновскиот залив носи дожд и снег: Променливо време и релативно високи температури низ Македонија

rain 3954273 1280

Влијанието на циклонските активности со центар над Џеновскиот залив и денес продолжува во Македонија, поради што времето ќе остане многу променливо. Во текот на денешниот ден, 6 февруари (петок), во западните предели се очекуваат пообилни врнежи од дожд, локално и над 15 литри на метар квадратен. На планините, над 1500–1600 метри надморска височина, врнежите ќе бидат од снег.

Во останатите делови од Македонија времето ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Услови за повремен дожд ќе има и во Скопје и околината.

Температурите ќе бидат релативно високи за овој период од годината и во поголем дел од земјата ќе се искачуваат до околу 10 степени, а локално ќе надминат и 10 °C.