13/08/2026

Општина Македонска Каменица ги повикува иселениците да испратат видео порака за „Ден на дијаспора 2026“

Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“ упатија јавен повик до сите сограѓани кои живеат и работат во странство, како и до сите пријатели на општината, да испратат кратка видео порака која ќе биде прикажана за време на настанот „Ден на дијаспора 2026“.

den na dijaspora

Целта на иницијативата е преку искрените пораки од дијаспората да се создаде посебна атмосфера и да се испрати силна порака дека Македонска Каменица останува дом, без разлика каде во светот живеат нејзините граѓани.

Видео пораките треба да бидат со времетраење до 20 секунди и да содржат:

  • Име и презиме и државата од која се јавувате;
  • Што најмногу Ви недостига од Македонска Каменица;
  • Поздрав до посетителите на „Ден на дијаспора 2026“ или учесниците и посетителите на „Каменичко културно лето 2026“.

Пораките може да се испратат на:

📧 Email: goran.iliev@makedonskakamenica.gov.mk

📱 Viber / WhatsApp: +389 75 951 964

Организаторите ги повикуваат сите иселеници да се вклучат и да станат дел од оваа иницијатива, со која нивниот глас и поздрав ќе стигнат до семејствата, пријателите и сите посетители на манифестацијата.

„Каде и да сте во светот – на Денот на дијаспората сте дома.“