Во рамките на „Денот на дијаспората“, во недела во Македонска Каменица ќе се одржи работна средба на градоначалничката Соња Стаменкова со каменичани кои живеат и работат во странство.
Средбата ќе се одржи во фоајето на Домот на културата, со почеток во 18:00 часот, а на неа се поканети сите заинтересирани сограѓани.

Целта на средбата е да се отвори директен дијалог со дијаспората и да се разговара за конкретни можности за нејзино поголемо вклучување во развојот на Македонска Каменица.
Посебен акцент ќе биде ставен на можностите за привлекување инвестиции преку контактите, знаењата и искуствата на каменичани кои живеат и работат во странство.
Ќе се разговара и за начините на кои може да се создадат подобри услови и можности за нашите иселеници да се вратат во родниот град и повторно активно да се вклучат во неговиот економски и општествен развој.
„Денот на дијаспората“ е можност каменичани од Македонија и каменичани ширум светот да разговараат за заеднички интереси, идеи и можности.
Дијаспората со своето знаење, искуство, контакти и потенцијал може да има значајна улога во создавањето нови можности за Македонска Каменица.
📅 Недела
🕕 18:00 часот
📍 Фоаје на Домот на културата – Македонска Каменица
Сите заинтересирани сограѓани се поканети да бидат дел од средбата.
Заедно да разговараме. Заедно да создаваме можности. Заедно за Македонска Каменица.





