Денешното утро, 28 јануари 2026 година (среда), во Македонија поминува во знакот на ведро и студено време. Температурите на повеќе места се неколку степени под нулата, а забележана е и појава на слана и мраз, особено во котлините и низинските предели.

Во утринските часови не дува изразен ветер, што дополнително придонесува за чувството на студено време. Сепак, од запад постепено се зголемува облачноста, што претставува најава за нов бран на врнежи кој ќе ја зафати земјава.
Новата промена на времето е поврзана со циклонален вртлог со центар над Џеновскиот залив, кој во наредниот период ќе влијае врз временските услови во регионот.
Најстудено утрово е измерено во Берово и Скопје Петровец, каде температурата се спушти до -3 степени Целзиусови.




