Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека производот Аптамил АР 2, ENG 24×400 g, серија 2027.01.02 е повлечен од пазарот поради утврдено присуство на цереулид (cereulide). Потрошувачите кои го имаат купено овој производ се повикуваат да не го користат или да го вратат кај продавачот.
При вонредна инспекциска контрола, АХВ утврди дека целата увезена количина од 912 парчиња е веќе дистрибуирана и се спроведува итно повлекување од пазарот. Како извор на контаминацијата се наведува маслото ARA.
АХВ дополнително ги следи и другите формули за доенчиња на компанијата „Нестле“ и ќе преземе мерки доколку се увезени и претставуваат ризик.
– Ја следиме состојбата и ќе преземеме сите потребни мерки за заштита на здравјето на бебињата, соопштува АХВ.







