
Влијанието на циклонската активност над нашиот дел од Европа ќе продолжи и во почетокот на следната седмица. Во понеделник, 9 февруари 2026 година, од север кон Македонија ќе продира поладен воздух, што ќе услови заладување и пад на температурите.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 3 до 11 степени, додека во Скопје максималната температура ќе достигне околу 6 до 7 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец.
Под влијание на циклонот, на повеќе места се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на надморска височина над 1000 метри врнежите ќе преминуваат во снег. На планините и на скијачките центри врнежите ќе бидат исклучиво од снег.
Во текот на вечерта во понеделник (9 февруари) и ноќта кон вторник (10 февруари), снежната граница ќе се спушти и под 1000 метри, па се можни послаби врнежи од снег и во делови од повисоките населени места, особено во северните и североисточните предели од земјата.
Локално, особено во јужните и југоисточните делови, се очекуваат и пообилни врнежи од дожд, при што може да наврнат над 15 литри на метар квадратен.





