14/06/2026

Длабок циклон носи обилни врнежи, силен ветер и снег на планините – температури и до 20 степени

weather station 5580 1280

Под влијание на длабок циклонски систем со центар над Џеновскиот залив, кој постепено го проширува своето влијание кон нашиот дел од Европскиот континент, Македонија влегува во период на изразено нестабилно време.

Циклонот ќе услови формирање на голем влажен бран, кој за време на викендот ќе донесе обилни и поројни врнежи од дожд, локално и над 30 литри на метар квадратен, особено во текот на ноќта кон недела и во недела (15 февруари).

Локално, атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе се манифестираат во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен јужен ветер со брзина над 60 км/час и појава на грмежи. На високите планини во западните и северозападните предели, на надморска височина над 1400–1500 метри, врнежите ќе бидат од снег.

И во Скопје и околината за време на викендот се очекуваат повремено обилни врнежи од дожд, проследени со повремено силен ветер од јужен и југоисточен правец, кој во делови од котлината ќе достигнува брзина и над 60 км/час.

Поради јужното воздушно струење, температурите ќе останат натпросечни за овој период од годината. Речиси насекаде тие ќе надминат 10 степени, на повеќе места ќе се искачат до околу 15 степени, додека во централните и југоисточните предели ќе достигнат и до близу 20 степени.

Денешното утро донесе претежно облачно време со температури кои насекаде се над нулата. Во јужните и југозападните предели има локални врнежи од дожд, додека на планините над 1400–1500 метри има врнежи од дожд и снег.

Најголема снежна покривка е измерена на Попова Шапка, каде што таа изнесува околу 67 сантиметри.

На приложената метеоролошка карта можат да се видат температурите измерени ова утро до 6 часот низ Македонија.