14/06/2026

Зимата се враќа: Ладен циклон со снег и дожд од 17-ти до 20-ти март во Македонија

weather station 5580 1280

По пролетните сончеви и топли денови, Македонија повторно ќе се соочи со значително заладување. Од вторник, 17-ти март, па се до петок претпладне, 20-ти март, нашата територија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море. Овој ладен циклон ќе донесе повеќе облачност, повремени локални врнежи од дожд и засилен ветер – од југоисточен правец, додека во западните предели ветерот ќе биде од североисточен правец.

Поради падот на температурите, на планините и во скијачките центри се очекуваат врнежи од снег со формирање на снежна покривка. Повремено снежната граница може да се спушти под 1000 метри, што значи дека снег ќе се појави и во повисоките населени места, па дури и во дел од градовите, особено во западните и северните региони.

Во Скопје и околината се предвидува повеќе облачност со повремени врнежи од дожд, додека на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Температурите ќе паднат значително, а повремено ќе дува засилен југоисточен ветер.

Со оглед на овие прогнози, зимата уште не го кажала своето збогум – пред нас е нов период со пообилни врнежи и значително заладување.