
Ученичката Бисера Струкова од I-а клас при СОУ „Миле Јаневски – Џингар“ од Македонска Каменица е добитник на награда на конкурс распишан од Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.
Конкурсот беше распишан за литературни и ликовни творби на тема „Крушево“, а Бисера учествуваше со ликовна творба со која успеа да освои награда.
На конкурсот учествуваа повеќе ученици од I-а клас, под менторство на професорката Билјана Ивановска.
Од училиштето упатија честитки до ученичката за постигнатиот успех, истакнувајќи дека ова признание претставува поттик за понатамошно учество на учениците во вакви манифестации, како и за афирмација на училиштето на државно ниво.






