
На 13 јуни 2026 година, во 13:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица лишиле од слобода 45-годишно лице од Виница, по пријава за семејно насилство.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 41-годишен жител на село на подрачјето на Општина Македонска Каменица пријавил дека неговиот брат подолг временски период во семејниот дом психички и физички го малтретирал него и нивниот татко, при што упатувал и закани.
По добиената пријава, полициските службеници презеле мерки и го лишиле од слобода пријавениот.
За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Делчево, а по негови насоки се преземаат понатамошни дејствија за целосно расчистување на настанот.






