14/06/2026

Четврток носи зимски температури и снег, прво на планините, а можно и во градовите

Под влијание на изразена циклонска активност и серија влажни воздушни бранови од запад и југозапад, во текот на оваа недела во Македонија ќе преовладува променливо време со чести врнежи од дожд. Повремено, врнежите ќе бидат пообилни и проследени со засилен ветер од јужен правец.

Локално се очекува да наврне значително количество дожд, над 30 литри на метар квадратен, додека во западните предели на земјава врнежите може локално да надминат и 50 литри на метар квадратен.

planinski sneg

И во Скопје и околината, во текот на неделата времето ќе биде променливо, со повремени врнежи од дожд кои на моменти ќе бидат поинтензивни и проследени со повремено засилен јужен ветер.

Температурите ќе останат релативно високи и над просекот за овој период од годината, поради јужното воздушно струење и продор на потопла воздушна маса од југ. Дневните температури на повеќе места ќе се искачуваат до околу 10 степени, а во делови од Македонија и над оваа вредност. И ноќните и утринските температури ќе бидат релативно високи и претежно над нулата.

Промена на временските услови се очекува во четврток (8 јануари), кога поради продор на значително постуден воздух од север, температурите нагло ќе опаднат и повторно ќе добијат зимски карактер. Ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец.

Поради заладувањето, врнежите од дожд на планините и повисоките населени места ќе преминат во врнежи од снег, при што ќе се формира снежна покривка. Според моменталните анализи, во четврток снежната граница може да се спушти и под 1.000 метри надморска височина, а појава на повремен снег не е исклучена и во пониските предели, вклучително и во дел од градовите.

Во продолжение следува нова, по потреба ажурирана метео анализа за очекуваниот продор на ладен и влажен воздух од север, кој се очекува од четврток (8 јануари).