
Екстремно ладно утро ја зафати Македонија денеска, 12 јануари 2026 година (понеделник). Времето е претежно ведро, со појава на умерена локална облачност, додека во Повардарието повремено дува засилен ветер од северен правец.
Утринските температури насекаде се длабоко под нулата, а во поголем дел од земјата се движат околу, па дури и под -10 степени Целзиусови.
На Попова Шапка во овие моменти се измерени температури од околу -16 до -17 степени, додека на Титов Врв температурите се спуштаат и до -25 степени Целзиусови.
Причина за ваквите екстремно ниски температури е силниот студен бран кој се спушта од север кон нашиот дел од Европскиот континент, носејќи многу студено, но суво време, односно т.н. сув студ.






