14/06/2026

Паричката од празничните лепчиња во Општина Македонска Каменица кај Дивна Стоименовска

610456825 1414342890182603 5967391053034931324 n

И оваа година продолжи традицијата на делење на празнични лепчиња со паричка во Општина Македонска Каменица.

Годинава, среќната паричка се падна кај Дивна Стоименовска, која со тоа го презеде кумството за наредната година.

Пригодна награда ѝ беше врачена од градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

По тој повод, на Дивна Стоименовска ѝ упатуваме искрени честитки и желби за добро здравје, среќа и благосостојба.