14/06/2026

Намалена видливост и магла на повеќе патни правци низ Македонија

(Информација од АМСМ)

dawn 3208158 1280

Утрово на повеќе патни правци во државата е евидентирана намалена видливост поради појава на магла. Најкритична е состојбата во околината на Смојмирово и Буково, каде видливоста е намалена до 50 метри, на превојот Ѓавато до 80 метри, во Струмица до 100 метри, Тетово до 40 метри, Петровец до 150 метри, како и во Делчево до 50 метри.

Од АМСМ информираат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува зголемена внимателност при возење.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува брзината на движење да се прилагоди на условите на патот, да се почитува сообраќајната сигнализација и внимателно да се управува со возилата, особено на патиштата низ котлини, речни долини и клисури каде постои опасност од одрони. Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.