Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне се очекуваат локални врнежи од дожд и снег, а на планините снег, додека попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер, соопшти УХМР.
Температурите ќе се движат од -4 до 0 степени минимални, а максималните од 2 до 7 степени.
До сабота ќе преовладува променливо облачно време со пораст на дневните температури и појава на магла по котлините. Од сабота кон крајот на денот следуваат врнежи од дожд, а на планините од снег, со пообилни врнежи во недела.




