Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ќ.С. (59) од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Според информациите од полицијата, пријавениот на 5 и 7 јули 2026 година, во семејната куќа, физички ја нападнал својата сопруга.
Против 59-годишниот жител на Македонска Каменица е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.
Извор: МВР






