Заврши четвртата и последна сесија на Проектниот форум во Македонска Каменица, на која граѓаните преку гласање и бодување одлучуваа за три предлог-проекти.
Најмногу поени доби предлог-проектот „ЕКО пазар во Македонска Каменица“ – 20 поени. „Училишен кампус“ доби 18 поени, додека „Музеј на рударство“ доби 10 поени.

Предлог-проектите имаат наведени буџети од 23.000 американски долари за ЕКО пазарот, 30.000 долари за Училишниот кампус и 18.000 долари за Музејот на рударство.
Од граѓаните и 10 препораки до Општината
Со завршувањето на четирите форумски сесии, од учесниците произлегоа и 10 препораки упатени до Општина Македонска Каменица:
- Отворање на Младински центар
- Реконструкција на трпезарија и поставување на настрешница на Грчки гробишта
- Изградба на мост за возила на горна Каменичка Река
- Реконструкција на кејот на Каменичка река
- Изградба на тротоари на ул. Церска
- Поставување на куќички за бездомници
- Уредување на постоечката теретана
- Поставување контејнери за рециклирање и селекција на отпад и воведување компостери за органски отпад
- Реконструкција на водоводот во Стара Каменица и во Дулица
- Езерски туризам – уредување на пешачка патека на Калиманско Езеро
Препораките се резултат на учеството на жителите во четирите форумски сесии и се доставени до градоначалникот, Советот на Општина Македонска Каменица и општинската администрација.

Проектниот форум се реализира во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, со грант-фонд од 30.000 американски долари.
Проектот се спроведува во соработка со УНДП, со поддршка од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа.





