Општина Македонска Каменица објави јавен повик за финансиска помош од општинскиот Буџет за 2026 година, наменет за еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители.
За остварување на финансиската помош заинтересираните лица треба да достават барање до Општина Македонска Каменица со потребната придружна документација.
Меѓу документите наведени во повикот се фотокопија од важечка лична карта или извод од матичната книга на родени за малолетни лица, соодветна потврда од Министерството за труд и социјална политика, изјава заверена кај нотар за еднородителските семејства, како и документи со кои се докажуваат приходите и статусот на членовите на семејството.

Потребни се и потврда за примена плата во последните три месеци пред поднесувањето на барањето или чек од последната пензија, потврда од АВРМ за невработените членови на семејството, доказ од Управата за јавни приходи за пријавени или остварени приходи за претходната година и фотокопија од трансакциска сметка.
Јавниот повик се однесува на жители на Општина Македонска Каменица.
Документацијата може да се достави во Архивата на Општина Македонска Каменица, соба бр. 1, или електронски на opstina@makedonskakamenica.gov.mk.
Рокот за доставување на барањата е 15 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик.






