Во текот на утринските часови во Македонска Каменица беше извршена дератизација на градската канализациска мрежа и градската депонија.
Акцијата ја спроведоа стручни екипи од ДООЕЛ „ТОКСИ-ВЕТ“ од Скопје, во соработка со претставници на ЈП „Камена Река“.
Според информациите, со третманот биле опфатени повеќе од 150 канализациски шахти, како и просторот на градската депонија. За дератизацијата биле употребени околу 40 килограми средство „Бродисан“, наменето за контрола и намалување на популацијата на глувци и други глодари.

Дератизацијата се спроведува како превентивна мерка за намалување на ризикот од ширење заразни заболувања, а истовремено придонесува и за заштита на инфраструктурата од оштетувања што можат да ги предизвикаат глодарите.
Активноста е дел од Програмата за заштита на населението од заразни и други заболувања и се спроведува редовно, најмалку еднаш годишно на територијата на Македонска Каменица.






