13/10/2026

Заврши првиот Јавен повик за изработка на проектна документација и поставување енергетско-ефикасни фасади и реконструкција на кровови на станбени згради за колективно домување во Општина Македонска Каменица.

На повикот се поднесени вкупно шест апликации, а по извршената евалуација и рангирање е утврдено дека сите се комплетни. Тие продолжуваат во следната фаза и ќе добијат проектна документација, која ја изработуваат партнерите во проектот – Хабитат Македонија.

Првата проектна документација веќе во завршна фаза

Енергетско ефикасни домови во Македонска Каменица

Проектната документација за реконструкција на фасадата на Заедницата на сопственици „Каменичка 18“ веќе е во завршна фаза, додека започнува изработката на документацијата за „Каменичка 20“.

Според информациите од Општина Македонска Каменица, се очекува во текот на ноември 2026 година проектна документација да добијат и останатите четири Заедници на сопственици:

„Гоце Делчев 5“, „Александар Македонски 11“, „Самоилова – Кула 1“ и „Самоилова – Кула 2“.

Субвенции до 40%, односно до 1 милион денари

Општина Македонска Каменица за оваа намена одвојува рекордни средства во државата и нуди субвенции до 40% од инвестицијата, односно до максимум 1 милион денари по апликација.

Од Општината ги повикуваат и останатите жители во станбените згради за колективно домување да оформат Заедници на сопственици и навреме да се подготват за следниот повик, кој ќе биде распишан во 2027 година.