Општина Македонска Каменица, во партнерство со Еколошко друштво „Здравец 2002“ – Македонска Каменица, лиценциран давател на социјални услуги, објавува Јавен повик за користење на социјалната услуга „Помош и нега во домот“, наменета за граѓаните на Општина Македонска Каменица.

Услугата се реализира со финансиска поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади, со цел унапредување на квалитетот на животот на стари лица, лица со попреченост, хронично болни лица, како и други граѓани на кои им е потребна помош и поддршка во секојдневното функционирање.
Што опфаќа услугата „Помош и нега во домот“?
Социјалната услуга вклучува:
- помош при одржување на лична хигиена и хигиена во домот,
- помош при подготовка и консумирање оброци,
- поддршка при извршување секојдневни активности,
- придружба и психосоцијална поддршка,
сето тоа во согласност со индивидуалните потреби и здравствената состојба на корисниците.
Кој може да се пријави?
Право на пријавување имаат граѓаните на Општина Македонска Каменица кои имаат потреба од ваков тип социјална поддршка, согласно важечките законски прописи и критериуми.
Општина Македонска Каменица континуирано работи на развој и унапредување на социјалните услуги, со посебен фокус на поддршка на најранливите категории граѓани и обезбедување достоинствен и квалитетен живот во домашни услови.
Контакт за информации и пријавување:
м-р Миран Митревски
📞 078 485 132





