
Со новиот Правилник за парична поддршка за новороденчиња, за првпат е воведена дополнителна финансиска стимулација за повеќедетни семејства, како дел од мерките за поддршка на семејствата и поттикнување на наталитетот во општината.
Вчера е реализирана првата исплата во вкупен износ од 65.000 денари, која опфаќа:
- 15.000 денари парична поддршка за новороденче во тековната година
- Дополнителни 50.000 денари финансиска поддршка за четврто дете во семејството
Со оваа мерка се испраќа јасна порака за институционална грижа и поддршка на семејствата, како и за создавање поволни услови за раст и развој на децата.
Општина Македонска Каменица продолжува со спроведување политики и мерки насочени кон подобрување на квалитетот на живот и зајакнување на семејните вредности во заедницата.





