14/06/2026

Одржани општинските пензионерски спортски натпревари во Македонска Каменица – познати учесниците за регионалните натпревари во Кочани

Денес во Македонска Каменица се одржаа општинските пензионерски спортски натпревари, во организација на Здружението на пензионери, кои воедно претставуваат квалификации за регионалните натпревари што ќе се одржат во Кочани на 28 мај 2026 година.

DSC 3145

На отворањето на настанот се обрати претседателката на Здружението на пензионери од Македонска Каменица, Јаворка Соколовска, која истакна:

„Дозволете ми најнапред да ве поздравам и да ви посакам топло добредојде на овие пензионерски спортски натпревари.

Денес не сме тука само за да се натпреваруваме, туку пред сè да се дружиме, да се смееме и да покажеме дека спортскиот дух не познава години. Вашето присуство е доказ дека активниот живот, позитивната енергија и заедништвото се вредности што ги негуваме во секој период од животот.

Овие натпревари се можност да ја покажеме нашата виталност, упорност и фер-плеј, но и да создадеме нови пријателства и убави спомени. Најважно од сè е учеството, дружењето и радоста што ја носи овој ден.

На сите учесници им посакувам успех, добро здравје и спортска среќа. Нека победат најдобрите, но нека сите си заминеме како победници – со насмевка и убаво расположение.

Ви благодарам и нека започнат натпреварите!“

Натпреварите се одвиваа во повеќе дисциплини, а најуспешните учесници кои ќе го претставуваат здружението на регионалниот натпревар во Кочани се:

здружениепензионери

ШУТИРАЊЕ НА МАЛИ ГОЛЧИЊА (МАЖИ)

  1. Орце Јовановски
  2. Панче Костевски
  3. Перо Златановски

ШУТИРАЊЕ НА МАЛИ ГОЛЧИЊА (ЖЕНИ)

  1. Велика Илиевска
  2. Данка Огнановска
  3. Јорданка Десподова

ФРЛАЊЕ ЃУЛЕ (МАЖИ)

  • Виде Стојковски

ФРЛАЊЕ НА КОШ (МАЖИ)

  1. Благојчо Николовски
  2. Диванис Атанасовски
  3. Методија Ангеловски

ФРЛАЊЕ НА КОШ (ЖЕНИ)

  1. Блашка Стоименовска
  2. Вера Јанкуловска
  3. Јованка Стојковска

ТРЧАЊЕ (МАЖИ)

  • Ванчо Стојановски

ТРЧАЊЕ (ЖЕНИ)

  • Цвета Трајановска

ГАЃАЊЕ СО ВОЗДУШНА ПУШКА

  1. Диванис Гоцевски
  2. Митко Гоцевски
  3. Станке Стојменовски

ПИКАДО (МАЖИ)

  1. Борис Димитровски
  2. Демјан Стоиловски
  3. Трајан Николовски

ПИКАДО (ЖЕНИ)

  1. Блашка Стаменковска
  2. Виолета Апостоловска
  3. Гордана Стојменовска

ДОМИНО (МАЖИ)

  • Станко Стојменовски

ДОМИНО (ЖЕНИ)

  • Миропа Иванова

ТАБЛА (МАЖИ)

  • Горан Мирчевски

ШАХ (МАЖИ)

  1. Лазо Стаменковски
  2. Меџит Куртовиќ
  3. Санде Ивановски
  4. Ферчо Ивановски

Настанот помина во одлична атмосфера, исполнета со дружење, спортски дух и позитивна енергија, а учесниците уште еднаш покажаа дека активниот живот и заедништвото се вредности што траат во сите возрасти.