14/06/2026

Успех за пензионерите од Македонска Каменица: Пласман на републичката музичка ревија по настапот во Виница

здружениепензионери

Здружението на пензионери од Македонска Каменица забележа уште еден значаен успех со настапот на 24. Регионална музичка ревија, чиј домаќин беше Здружението на пензионери Виница.

Со успешниот настап, претставниците на ЗП Македонска Каменица обезбедија учество на 16-тата Републичка музичка ревија, што претставува големо признание за нивната работа, посветеност и љубов кон музиката и фолклорот.

Фолклорната група при ЗП Македонска Каменица уште еднаш успешно го претстави здружението, но и Општина Македонска Каменица, продолжувајќи ја традицијата на достојно претставување на градот и надвор од локалните рамки.

700798092 835423045882869 3338645656471689784 n

Како потврда за нивната успешна работа останува и учеството на Меѓународниот фестивал „Трето животно доба“ во Љубљана, Република Словенија во 2024 година, каде исто така достојно ја претставија Македонска Каменица.

Овој успех е уште еден доказ дека ентузијазмот, традицијата и љубовта кон фолклорот немаат возраст.