14/06/2026

Благица Тачовска избрана за „Вешта жена“ 2026 за Македонска Каменица – признание во силна конкуренција

DSC 3926

Благица Тачовска е прогласена за победничка на изборот „Вешта жена“ за 2026 година за град Македонска Каменица, на традиционалната манифестација која ги промовира домашната креативност, умешноста и зачувувањето на обичаите.

На настанот, кој се одржа синоќа, учесничките ги претставија своите вештини во подготовка на традиционални јадења, уредување на трпеза и прикажување на практични домаќински способности. Жирито ги оценуваше нивната умешност, оригиналност и презентација, при што Тачовска се издвои и во силна конкуренција ја освои титулата.

Манифестацијата уште еднаш ја потврди важноста од негувањето на традицијата и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација, како и улогата на жената во зачувувањето на културното наследство.

На настанот присуствуваше и градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, која ја истакна важноста од поддршката на ваквите настани што ја афирмираат локалната традиција и креативност.