16/06/2026

„Бабина баница 2026“ ќе се одржи на 26 јули во манастирскиот комплекс Еленец во село Цера

Традиционалната манифестација „Бабина баница 2026“, во организација на Здружението на пензионери од Македонска Каменица, ќе се одржи на 26 јули 2026 година, со почеток во 10:00 часот, во туристичко-манастирскиот комплекс Еленец во село Цера, кај манастирот „Покров на Пресвета Богородица“.

babina banica

Под мотото „Традиција што нѐ зближува“, манифестацијата и оваа година ќе ги обедини љубителите на традиционалната македонска кујна, културата и дружењето.

Настанот е отворен за сите граѓани и гости, а програмата ќе се реализира во три дела:

  • Културно-уметничка програма,
  • Кулинарски дел со месење, сукање и печење на баница под вршник,
  • Забавен дел.

Целта на манифестацијата е зачувување и промоција на традиционалните вредности, народните обичаи и кулинарското наследство, како и поттикнување на меѓугенерациското дружење и заедништво.

Настанот се организира од Здружението на пензионери Македонска Каменица, во соработка со Општина Македонска Каменица и КИЦ „Романса“ Македонска Каменица.

Организаторите ги покануваат сите граѓани да бидат дел од оваа традиционална манифестација и заедно да уживаат во вкусот на домашната баница, културната програма и убавините на Еленец.