13/08/2026

„Ден на дијаспора 2026“ во Македонска Каменица: Богата програма, фолклор, гастрономија и музички спектакл на 9 август

Општина Македонска Каменица, во соработка со Културно-информативниот центар „Романса“, и оваа година ќе го организира традиционалниот „Ден на дијаспора 2026“, настан посветен на сите каменичани кои живеат и работат надвор од татковината.

Манифестацијата ќе се одржи на 9 август (недела) во централното градско подрачје, а годинава ќе биде реализирана во нов, модерен концепт, со богата програма наменета за сите генерации.

den na dijaspora

Под мотото „Каде и да сте во светот – вечерва сте дома“, организаторите најавуваат вечер исполнета со емоции, повторни средби, музика и заедничко славење на припадноста кон Македонска Каменица.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидна културно-уметничка програма, презентација на визијата и идните проекти за развој на Општината, информации за можностите за инвестирање, како и видео пораки од иселениците и пријателите на Македонска Каменица од различни делови на светот.

Во рамките на настанот ќе биде организирана и богата гастрономска понуда подготвена од локалните угостители, додека за најмладите посетители ќе има посебна забавна програма. Љубителите на традицијата ќе можат да уживаат во македонскиот фолклор и музика, а вечерта ќе заврши со настап на еден од најактуелните македонски диџеи.

Организаторите најавуваат дека комплетната програма ќе биде објавена во наредните денови.

На 9 август, Македонска Каменица повторно ќе биде местото каде што се среќаваат семејствата, пријателите и срцата на сите наши луѓе – без разлика каде живеат.