13/10/2026

Третата сесија на Проектниот форум во Македонска Каменица ќе се одржи на 10 септември 2026 година, а пред граѓаните ќе бидат детално презентирани четири предлог-проекти од областа на локалниот економски развој.

Сесијата ќе започне во 13:00 часот во Спортската сала зад СОУ „Миле Јаневски – Џингар“ во Македонска Каменица.

Четири предлог-проекти во следната фаза

Предлог-проектите произлегуваат од идеите и концептите за кои граѓаните дискутираа во текот на претходниот форумски процес.

Проектен форум Македонска Каменица – трета форумска сесија

На третата сесија учесниците ќе имаат можност да се запознаат со четирите предлог-проекти и активно да учествуваат во дискусијата.

Целта е да се дефинира кои од предложените проекти ќе бидат доработени како конечни проектни апликации. За нив финално ќе се гласа на четвртата форумска сесија.

Фонд од 30.000 долари за приоритетниот проект

За финансирање на приоритетниот проект е обезбеден фонд во вкупен износ од 30.000 американски долари.

Од нив, 15.000 долари се обезбедени преку проектот, додека дополнителни 15.000 долари се кофинансирање од Општина Македонска Каменица.

Проектниот форум има за цел да го зголеми учеството на граѓаните во донесувањето одлуки на локално ниво и да им овозможи директно да учествуваат во утврдувањето на локалните приоритети.

„Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“

Проектниот форум во Македонска Каменица се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“.

Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа, а кофинансиран и спроведуван од УНДП во соработка со националните и локалните партнери.

Третата форумска сесија ќе се одржи на 10 септември, од 13:00 часот, а граѓаните се повикани активно да се вклучат во процесот.