Граѓаните на Македонска Каменица ќе го имаат последниот збор во изборот на проектот или проектите што ќе бидат финансирани од грант-фондот од 30.000 американски долари.
Четвртата и завршна сесија на Проектниот форум ќе се одржи на 1 октомври 2026 година, со почеток во 13:00 часот, во Спортската сала на СОУ „Миле Јаневски – Џингар“.
Три предлог-проекти стигнаа до финалната фаза
По досегашните форумски сесии, во финалната фаза остануваат три предлог-проекти:
– Музеј на рударство
– ЕКО пазар во Македонска Каменица
– Изградба на училишен кампус
На завршната сесија граѓаните преку гласање ќе одлучуваат кој проект или проекти ќе бидат финансирани.

Фонд од 30.000 долари
За реализација на избраниот проект или проекти е предвиден грант-фонд од 30.000 американски долари.
Форумскиот процес е замислен како механизам преку кој граѓаните директно учествуваат во носењето одлуки за локалните приоритети.
Четвртата сесија се реализира во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, преку компонентата за мали грантови за поддршка на приоритетни мерки избрани од заедницата.
Настанот го организира Општина Македонска Каменица во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а е финансиран од Владата на Швајцарија, Министерството за локална самоуправа и УНДП.





