
Австралиецот со македонско потекло, Александер Волкановски, уште еднаш покажа дека е неприкосновен во перо лесната категорија на УФЦ. Во Сиднеј, пред своите фанови, тој го победи Диего Лопес со убедливи поени – 49-46, 49-46 и 50-45, повторувајќи ја победата од претходната пресметка во април минатата година.
Овој триумф му донесе осма победа во директните дуели за УФЦ појас и го израмни со Жозе Алдо на врвот на вечната листа на шампиони. Поразот од Илија Топурија во 2024 година ги загрижи фановите, но двете победи против Лопес го потврдуваат неговиот статус на лидер и неприкосновен борец во категоријата.
Волкановски повторно докажа дека има свој збор во УФЦ и дека македонското потекло носи сила и победнички дух на светската ММА сцена.






