
Денешното утро, понеделник (2 февруари 2026), во Македонија е ладно и претежно облачно, а локално провејува слаб снег, особено во повисоките населени места и на планините. Утринските температури на повеќе места се неколку степени под нулата.
Во текот на денес и утре (понеделник и вторник – 2/3 февруари) времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Денес ќе има услови за локални и слаби врнежи од дожд и снег во пониските места (градовите), додека на повисоките населени места и планините ќе има слаб снег.
Особено во западните предели денес ќе дува западен ветер со слаб до умерен интензитет, кој повремено може да засилува.
🌥️ Времето во Скопје
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а утре (вторник) ќе засилува ветер од југоисточен правец.
🌡️ Температури
Утринските температури и понатаму ќе се спуштаат околу и под нулата, додека преку денот:
- Денес: од 3 до 11 степени
- Утре: од 6 до 12 степени
Во Скопје, денес максималната температура ќе достигне околу 6 степени, а утре околу 10 степени.



