На 16 јули 2025 година, во општината Ворст беше пронајден скелет, кој подоцна беше идентификуван како Реџеп Рахмановски (роден 25.07.1976), македонски државјанин.
Реџеп Рахмановски исчезнал на 16 јули 2003 година, откако вечерта го напуштил своето работно место — ресторан на плоштадот Каасмаркт во Брисел. Оттогаш, тој бил воден како исчезнато лице.
Во рамки на тековната истрага, полицијата апелира до сите граѓани кои располагаат со какви било информации поврзани со Реџеп Рахмановски или со околностите околу неговото исчезнување, да се јават и да помогнат во расветлување на случајот.
Ова го објави белгиската федерална полиција на својот фејсбук налог.






