14/06/2026

Во Општина Македонска Каменица потпишани договорите за стипендии за талентирани ученици

FB IMG 1772550120535

Денес во просториите на Општина Македонска Каменица беа потпишани договорите за доделување стипендии на талентирани ученици од основното и средното образование.
Стипендиите се доделуваат во траење од 10 месеци и претставуваат поддршка за учениците кои се истакнуваат со своите резултати и постигнувања.

FB IMG 1772549881316

На средбата со присутните стипендисти и родители на стипендисти се разговараше околу висината на стипендиите и правилникот за стипендии, при што беше истакната важноста од транспарентна постапка и континуирана грижа за младите.

FB IMG 1772549951856

Со овој чекор, локалната самоуправа ја потврдува својата определба за вложување во образованието и поддршка на младите во Македонска Каменица.

FB IMG 1772549955620