14/06/2026

Ученици од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица со одлични резултати на општинскиот натпревар по англиски јазик во Делчево

angliski

Ученици од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица денес (14.03.2026 година) учествуваа на општинскиот натпревар по англиски јазик ЕЛТАМ, кој се одржа во Делчево, при што постигнаа одлични резултати.

Нашите ученици се закитија со повеќе награди во своите категории, покажувајќи знаење, труд и посветеност во изучувањето на англискиот јазик.

Постигнати резултати:
📍 Бисера Малчовска – V одделение, III награда (ментор Маја Атанасовска)
📍 Антонија Ѓеорѓиевска – VI одделение, I награда (ментор Стефанија Златкова)
📍 Дамјан Стоименовски – VII одделение, II награда (ментор Марија Јолдашева)
📍 Јана Петровска – VIII одделение, I награда (ментор Маријана Стојановска Јовановска)
📍 Марија Стоименовска – IX одделение, I награда (ментор Драгана Миланова)

Од училиштето упатија честитки до учениците и нивните ментори за постигнатиот успех, со желби за уште подобри резултати на претстојниот регионален натпревар.