13/08/2026

Приведен 23-годишник од Саса кај браната „Калиманци“, при обид за легитимирање фрлил бела прашкаста материја

Полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода А.И. (23) од селото Саса, Општина Македонска Каменица.

mvr apsenje

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 9 јули 2026 година, околу 22:00 часот, на местото викано „Препиш“, кај браната „Калиманци“, при обид за негово легитимирање, лицето се обидело да избега, при што фрлило бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.