
Вчера (15 септември), во 20:30 часот, на улицата „Осоговска“ во Македонска Каменица, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.А. (56) од село Дулица, општина Македонска Каменица.
При контролата било утврдено дека тој управувал патничко моторно возило „лада“ под дејство на алкохол, при што биле измерени 2,49 промили алкохол.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



