
Денес во просториите на Општина Македонска Каменица беа потпишани договорите за доделување стипендии на талентирани ученици од основното и средното образование.
Стипендиите се доделуваат во траење од 10 месеци и претставуваат поддршка за учениците кои се истакнуваат со своите резултати и постигнувања.

На средбата со присутните стипендисти и родители на стипендисти се разговараше околу висината на стипендиите и правилникот за стипендии, при што беше истакната важноста од транспарентна постапка и континуирана грижа за младите.

Со овој чекор, локалната самоуправа ја потврдува својата определба за вложување во образованието и поддршка на младите во Македонска Каменица.







