
Општина Македонска Каменица ги известува граѓаните дека од 04.05.2026 година започнува со реализација на проектот „Изградба на тротоар на улица Осоговска“, со кој ќе се подобри урбаната инфраструктура и безбедноста на пешаците.
Согласно утврдената траса, на потегот од берберница „Брицо“ до спојот со улица „Илинденска“, потребно е да се отстранат дрва за огрев и друг материјал кој се наоѓа на предвидениот простор за тротоар и ја попречува неговата изградба.
Од Општината апелираат до сопствениците на објектите пред чии парцели се наоѓаат овие материјали, истите да ги отстранат во рок од 3 дена.
Во спротивно, отстранувањето ќе биде извршено од страна на надлежните општински служби, на товар на сопствениците, согласно важечките законски прописи.
Оваа активност е дел од континуираните напори за унапредување на условите за живот во Македонска Каменица, со фокус на безбедноста и функционалноста на јавните површини.





