17/06/2026

Норвешко истражување ги руши старите верувања: Брзото слабеење носи подобри резултати и по една година

Долгогодишното верување дека килограмите треба да се губат постепено за резултатите да бидат трајни доби сериозен предизвик од ново норвешко истражување презентирано на Европскиот конгрес за дебелина.

Научниците утврдиле дека лицата кои учествувале во програма за брзо слабеење не само што изгубиле повеќе килограми за пократок период, туку и успеале подобро да ја задржат намалената телесна тежина по една година во споредба со оние кои слабееле постепено.

outsideclick weight loss 5321353

Во истражувањето биле вклучени 284 возрасни лица со дебелина, поделени во две групи. Првата следела 16-неделна програма за брзо губење на тежината со строго контролиран внес на калории, додека втората група применувала постепено намалување на дневниот калориски внес.

Резултатите покажале дека по завршувањето на првичната програма, учесниците во групата за брзо слабеење изгубиле во просек 12,9 проценти од телесната маса, додека кај групата со постепено слабеење намалувањето изнесувало 8,1 процент.

Уште повпечатливи биле резултатите по една година. Испитаниците од групата за брзо слабеење задржале просечно намалување на тежината од 14,4 проценти, додека кај другата група просекот бил 10,5 проценти.

Авторите на студијата, предводени од д-р Лине Кристин Јонсон од Одделот за ендокринологија, дебелина и исхрана при Вестфолд хоспитал траст во Норвешка, истакнуваат дека овие резултати покажуваат дека брзото слабеење може да биде поефикасен пристап кога се спроведува под стручен надзор и во контролирани услови.

Истражувачите нагласуваат дека нивните наоди не значат дека секое брзо слабеење е безбедно, туку дека добро организираните и медицински надгледувани програми можат да донесат подобри долгорочни резултати во борбата против дебелината и здравствените ризици поврзани со неа.