14/06/2026

Во тек е тампонирањето на патот Саса – Цера, во следната фаза ќе следува асфалтирање

Во Општина Македонска Каменица во тек се активностите за подобрување на патната инфраструктура и поврзување на населените места.

Во моментов се изведуваат работи за тампонирање на патот помеѓу селата Саса и Цера, што претставува подготовка за негово асфалтирање во наредната фаза од проектот.

cda936bd 980c 4e2a 9258 16ab51e71798

Со реализацијата на овој инфраструктурен зафат, двете населени места ќе бидат директно поврзани со асфалтен пат, со што значително ќе се подобрат условите за сообраќај, пристапноста и комуникацијата меѓу жителите.

Од Општина Македонска Каменица посочуваат дека проектот е дел од континуираните активности насочени кон развој на локалната инфраструктура и подобрување на условите за живот во руралните средини.

Според најавите, по завршувањето на тековните подготвителни работи ќе следува и асфалтирање на патниот правец, со што ќе се овозможи поквалитетна и побезбедна патна врска меѓу селата Саса и Цера.