14/06/2026

Македонија може да заработи најмалку 9 милиони долари со пласман на СП 2026

Македонската фудбалска репрезентација би можела да заработи најмалку девет милиони долари доколку избори историски пласман на Светското првенство 2026 Македонија во САД, Мексико и Канада, според распределбата на наградниот фонд од 558 милиони евра што ја објави ФИФА.

Самото учество носи 7,6 милиони евра, плус дополнителни 1,4 милиони за подготовките. За пласманот на мундијалот, Македонија ќе мора најпрво да ја совлада Данска во Копенхаген, а потоа и подобриот од дуелот меѓу Република Ирска и Чешка.

Во случај на пласман, Македонија во групната фаза ќе игра против Мексико, Јужна Кореја и Јужноафриканската Република.

makedonska fudbalska reprezentacija3 960x639 1